Полицијата на автопатот Велес – Неготино ги едуцираше возачите за одговорно управување на моторно возило

Петар Печков

Полициски службеници реализраа едукативно превентивна активност за  одговорно управување со моторно возило. Превентивната активност беше реализирана на автопатот „Пријателство“ на делницата Велес-Неготино, наплатна рампа „Виничани“ и на регионалниот пат Кавадарци-Неготино.

„Преку непосреден контакт со учесниците во сообраќајот им се укажуваше на обврската за безбедно управување со возило, задолжително носење на сигурносен појас и се потенцира заштитна улога што ја има сигурносниот појас при евентуално случена сообраќајна незгода. Исто така, беше укажано на ризикот од користење на мобилен телефон за време на управување со возило, како и останатите правила за безбедно управување со возило, во насока на подигање на свеста на учесниците во сообраќајот и намалување на бројот на сообраќајни незгоди“ – информираа од МВР.

На возачите им биле поделени и летоци со едукативна содржина изготвени од Републичкиот совет за безедност во сообраќајот и патиштата. Активноста беше реализарана од страна на полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес.

фото МВР

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

  • да
  • не
Резултати