Саботата на секои три минути, во периодот до 12 до 17ч. низ улиците на Велес возачите сториле сообраќаен прекршок

Петар Печков

Саботата попладне, републичка сообраќајна контрола спровелa акциска контрола на територијата на општина Велес, за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Во текот на пет часа на секој три минути возачите сториле сообраќаен прекршок.   

„При контролата санкционирани се 100 возачи, од кои 30 за возење без возачка дозвола, четири санкции поради измината важност на сообраќајната дозвола... На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци“ – соопштија од МВР.

Останатите прекрошци биле не` давање на предимство во сообраќајот, не` пропуштање на пешаци на обележан пешачки премин, непрописно претекнување, возење под дејство на алкохол... 

Акциската контрола била реализрана во периодот од 12 до 17 часот  од страна на Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да придонесат за побезбедни патишта. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

  • да
  • не
Резултати