Петар Печков
Објавено: среда, 30 април 2025
Сообраќајна несреќа во Чашка, во која тешко е повредена малолетна девојка,која била на електричен тротинет. Деталите од информацијата на велешката полиција и велешка болница.
„На 29.04.2025 во 18.05 часот во СВР Велес било пријавено дека на крстосницата од ул.„Илинденска“ со ул.„Коста Рацин“ во општина Чашка се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат пунто“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Н.(66) од Велес и електричен тротинет, управуван од малолетничка од Чашка“ – соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Општата болница Велес.
„Во вечерните часови доенсена е малолетна пациентка. Извршни се потребните компјутерски снимања и констатирана е скршеница на десна надлактица. Згрижена е на ортопедија, пред одлука за натамошен третман“ – кажа др- Ванчо Граматов, портпарол на Општа болница Велес.