Петар Печков
Објавено: вторник, 02 јуни 2026
Bо Велес на различни локации, реализирани две превентивни активности. Едната беше на тема „Со тротинет и велосипед секогаш вози безбедно и според правилата“, другата „Користи сигурносен појас“.
„Во рамки на превентивните активности на граѓаните им беше укажано за важноста од почитувањето на правила и прописите, како и значењето од поседување заштитна опрема при управување на електрични тротинети и велосипеди. Им се укажа на возачите и сопатниците за обврската од користење на сигурносен појас во возилата, а со цел зголемување на личната безбедност“ – соопштија од МВР.
Двете превентивни активности се реализирани од полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес.
Во рамки на активностите бил поделен и едукативен материјал изработен во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Факултетот за безбедност– Скопје.
