Петар Печков
Објавено: недела, 06 јули 2025
Денес, недела на пладне, пронајдено е машко тело во река Вардар, кај Бентот. Деталите од информацијата на велешката полиција.
„Во 12.05 часот, во СВР Велес, од Итна медицинска помош е пријавено дека во река Вардар на влез во Велес, во близина на место викано Бентот, било пронајдено починато НН машко лице“ - соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол ан СВР Велес.
Известен јавен обвинител, а извршен е увид од увидна екипа од СВР Велес. По наредба на јавен обвинител телото на починатото непознато лице е дадено на обдукција.