Прва победа за одбојкарките на ОК Виола волеј во лига натпреварите

Петар Печков

Историска прва победа во Втората лига за женската одбојкарска екипа на ОК Виола волеј од Велес со 3.1 над ОК Шкупи. Oва е прва победа во лига системот за младите велешанки, кои од оваа есен за прв пат се натпревруваат во лигата на Одбојкарската федерација на Македонија, а по 15 години постоење на клубот. Претходно имаат службено добиено натпревар со 3:0 против ОК Македонија макс, која се откажа од натпреварите. Така победата пртоив Скопјанки е прва на терен. Во ова петто коло екипата на ОК Борец беше слободна. 

Слободен во ова трето коло од Првата кошаркарска лига беше составот на КК Борец баскет, кој по две кола имаше два порази. Следниот викенд велешани по трет пат гостуваат, овој пат на КК Струмица ролинг, кои исто така се без радост во досегашните натпревари.
 
Викендов се одиграа натпреварите од 2-то и 3-то коло на Првата пингпонгарска лига, каде велешки ППК Борец ТИМ забележа две победи и со победата од првото коло се наоѓа на врвот со три победи  од три кола и шест бода. Велешани во салата Јане Сандански во Скопја славеа над ППК Младост кој имаше два бода со максимални 4:0 и над ППК КУманово кој исто така имаше победа, но со 4:1.  Следните четир кола се играат викендот на крајот од месецот. Велешки ППК Борец играат со ППК Дебар маало, ППК Берово1, па играат со ППК Пелистер и со ППК  Телеком Нец.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали ги чувствувате придобивките од примената на летно и зимско сметање на времето, кое е на сила од 27 март 1983 година, за тоа да продолжи да се применува?

  • да
  • не
Резултати