По 18 месеци затвор за двајца велешани, кај кои беа пронајдени хероин и мешавина од кофеин и парацетамол како додаток на масата дрога

Петар Печков

Двајца велешани по признание на вина добија по 18 месеци затвор за  кривичното дело Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги. 

Обвинетите Л.Л. (38 год) и М.А. (30 год)  го признале делото, по што се прогласени за виновни во Основен суд Велес. По барање на секој од осудените, Л.Л и М.А.  со решение на судот се упатени на издржување казна затвор пред правосилноста на пресудата.

Пресудата не е правосилна, изјавена е жалба од име на секој од обвинетите, преку нивните бранители  како и од Основното Јавно Обвинителство Велес. Во  казната  се засметува и времето поминато во притвор сметано од 05.09.2024 година до започнување со издржување на казната затвор.

Настанот се случи на 5 септември лани, во 00.10 часот,  коага полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес ги лишиле од слобода Л.Л. и  М.А., двајцата од Велес, на наплатната станица Сопот, при  контрола на патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.Л., а сопатничка била М.А.

При претресот во автомобилот биле пронајдени  13,16 грама хероин и 13,17 грама мешавина од кофеин и парацетамол која се користи како додаток за зголемување на масата на некои дроги.

Поврзани »

Гимназија Кочо Рацин

Честит 1 Мај денот на трудот

Генерацијата матуранти од Економското

Генерацијата матуранти од Економското училиште Јовче Тесличков 1976/80, 45 годишнината од матурата, ќе ја одбележат на 23 мај на мотел Гарденија. Заинтересираните да се пријават на тел. 075/204752 или 075/374952, Лила Пријавување до 10 мај

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали враќање на платениот паркинг ќе го реши проблемот со паркирањето во Велес?

  • да
  • не
Резултати