Петар Печков
Објавено: среда, 30 април 2025
Дете се здобило со тешки телесни повреди, откако било удрено од возило, на улицата Благој Ѓорев, во делот кај спортската обложувалница, карши Младински парк.
Сообраќајната несреќа се случила околу 16,10 ч. кога детето, на возраст од 3 до 4 години се нашло на улица, на коловозната летна поблиску до паркираните автомобили и било удрено од возилото кое се движело. Први не местото на несреќата биле екипите на брзата помош.
„Добивме повик за повредено дете, веднаш излеговме на терен. Го згриживме, дадовме неопходна здравствена помош и го префрливме на хирургија во велешка болница“ – кажа д-р Славица Нешова Пановски, од службата за Итна помош, која била на лице место на несреќата.
„Околу 16,30 примено е дете како пациент од сообраќајка. Има повреда на глава, интубирано и веднаш итно пренесено на клиника во Скопје“ – изјави д-р Ванчо Граматов, портпатол на Општа болница Велес.
На лице место беше излезена обвинителка од ОЈО Велес која со увидна екипа на СВР Велес, вршеа увид, за тоа како дошло до несреќата.
Поради тоа неколку часа улицата Благој Ѓорев, од Ќоше до Театар беше затворена за сообраќај, а возилата се пренасочуваа по околните улици.
Во текот на утрешниот ден, се очекуваат и детали од информацијата на СВР Велес.