Потврдена условната казна за обвинетета негувателка која на децата им дозволила користење на електронска цигара

Петар Печков

Апелација Скопје ја потврди првостепената пресуда на Основен суд Велес за негувателката  В.И (39 год). која доби условна затворска казна за  кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување 353 став 5 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Таа е осудена на една година затвор, која нема да се изврши доколку обвинетата во времето од три години од правосилноста на пресудата не стори ново кривично дело, соопштија од Основен суд  Велес.

Под став 2 на обвинетата В.И од В. и била изречена и  казна Забрана за вршење професија, дејност или должност како неговател во траење од пет години сметано од правосилноста на пресудата.   

Вработената е огласена за виновна бидејќи на децата им давала да пробаат електронска цигара. Настанот се случи на 29 септември 2024 година во клон „Маргаритка“ кој е во месноста Дворови.

Поврзани »

Генерацијата матуранти од Економското

Генерацијата матуранти од Економското училиште Јовче Тесличков 1976/80, 45 годишнината од матурата, ќе ја одбележат на 23 мај на мотел Гарденија. Заинтересираните да се пријават на тел. 075/204752 или 075/374952, Лила Пријавување до 10 мај

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали враќање на платениот паркинг ќе го реши проблемот со паркирањето во Велес?

  • да
  • не
Резултати