Полноќно дивеење на велешанец кој во пијана состојба со автомобил удрил две возила па бегал кон Рамина

Петар Печков

Велешанец кој немал возачка дозвола, бил пијан,  удрил во две возила, ја скршил рампат ана автобуска и продолжил да вози. Бил уапсен близу црквата Св. Богородица.  Деталтеи од информациаја на СВР Велес.

„На 07.05.2025 во 23.45 часот на улица „Прохор Пчински“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С.Д.(50 год) од Велес. Тој, управувајќи патничко возило „сеат“ со велешки регистарски ознаки без возачка дозвола, на улица „Димитар Влахов“ во Велес удрил во патничко возило „опел“, управувано од Р.И.(44 год) од Велес.  Потоа   продолжил со движење и на улица „Петре Прличко“ удрил во рампа на автобуската станица, но повторно не застанал и на улица „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ удрил во паркирано патничко возило „тико“ со велешки регистарски ознаки. По преземени мерки, полициски службеници го запреле, а од извршените проверки било констатирано дека го управувал возилото со 2,16 промили алкохол во крвта“ – соошпти Биљана Ѓаковска портпарол на СВР Велес.

С.Д. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297 А од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“ и поднесоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Поврзани »

Генерацијата матуранти од Економското

Генерацијата матуранти од Економското училиште Јовче Тесличков 1976/80, 45 годишнината од матурата, ќе ја одбележат на 23 мај на мотел Гарденија. Заинтересираните да се пријават на тел. 075/204752 или 075/374952, Лила Пријавување до 10 мај

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали враќање на платениот паркинг ќе го реши проблемот со паркирањето во Велес?

  • да
  • не
Резултати