Опожарено возило марка „Ауди 5“ во сокакот спроти Пошта

Петар Печков

Ноќеска е опожарено возило, кое било паркирано на улица Коле Дрнков бр.33, во сокакот спроти Пошта, близу до Вардар. Огнот го зафанал предниот дел од автомобилот. Помош од ТППЕ била побарана во 1,35ч. по полноќ

Побарана е помош заради гаснење на запалено возило марка  „Ауди 5“, а потоа и заради превентива за куќата до која било паркирано возилото. На терен беа две возила и петмина пожарникари, огнот е локализиран во 2,50 часот. Спречено е да се прошири на соседната куќа, на која има искршено неколку прозори -информираше Љупчо Лепидовски, командир на ТППЕ Велес.

Увид извршила екипа на СВР Велес, по што ќе бидат познати причините за пожарот, дали е до инсталацијата или огнот е подметнат.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати