Одбојкарите на Борец во дербито го совладаа првакот ОК Струмица, прв пат по 15 години

Петар Печков

Одбојкарите на ГОК Борец во дербито на колото го совалдаа ланскиот шамион ОК Струмица со 3:2 (25:18, 20:25, 19:25, 25:22, 15:9) во израмнет и воздублив натпревар. Ова е за велешани прва победа над струмичани по 15 години. Со оваа победа ГОК Борец е 5-ти со 8 бода.  Во следното коло дерби, гостува во Тетово на ОК Универзитет, кој е 6-ти со исто така 8 бода. 

Во женската Втора лига, два порази за велешанки.  ЖОК Борец загуби дома со 0:3 (10, 24, 18)  од ОК Форца волеј Ема од Скопје а ОК Виола волеј загуби со 2:3  (25:17, 15:25, 25:22, 20:25, 9:15) во струмичко Ново село од истомениот противник.  ОК Виола волеј е 9-та со 4 бода а ОК Борец е 10-ти со три бода. Во лигата се натпреваруваат 12 екипи. 

Во Првата кошаркарска лига прва победа за КК Борец баскет, во 4-тото коло, откако претходно забележа два порази. Велешани победија со 83:55 на гостувањето кај КК Струмциа ролинг, која исто така беше без победа. Во следното коло во  Велес гостува КК Бутел, кој од три натпревари нема пораз. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ја оценувате работата на Советот на Општина Велес, од мандатот 2021/2025 година? (училишни оценки)

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати