Овчар од Караслари починал од гром, велешанец тешко се повредил додека берел цреши на дрво

Петар Печков

Овчар од село Горно Караслари смртно настрада од гром, по невремето кое вчера на пладне зафати дел од велешко.  Настраданиот  Б. Н. (38 год) ги напасувал стадото овци во околината на селото, кога смртно настрадал од удар на гром.

„Околу 13,40 ч. добиен е повик за лице кое било удрено од гром. Екипа на Итна помош била на лице место и констатирала смрт“ - кажа д-р Василка Пановска, началник на служба за Итна помош од Велес.  

Вчера попладне околу 19ч. оваа служба добила повик за интервенција на  лице кое паднало од дрво, додека берело цреши. На Д.Н. (36 год) му била дадена прва помош, се жалело на болки од левата страна на градниот кош и било пренесено на ортопедија.

„Примен е пациент, кај кого е констатирана сериска фрактура на ребрата од левата страна. Лицето беше задржано  изминатата ноќ на опсервација“ - изјави д-р Елеонора Јованова, портпарол на Болница Велес.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како го оценувате, колку сте задоволни од решението за уредување на централното градско подрачје?

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати