Нов судија, стара одлука ,се ослободува раководството на ВМРО-НП

Петар Печков

Слободан Близнаковски координатор  на третата Изборна единица за ВМРО- НП и Зоран Арсовски претседател  на ВМРО – НП за Велес, кои на овие функции биле  во  2013-тата се ослободени од обвинението дека сториле кривично дело  ,,загрозување на сигурноста,,. Ова е пресудата која ја изрече судијката Габриела Гајдова, откако претходно, нејзиниот колега Шефшет Адеми пет пати ги ослободуваше  функционерите на ВМРО-НП, па Апелација го иззема и побара нов судија, наместо тие да донесат одлука за овој предмет. 

Судијката Гајдова во пресудата  пишува дека  оштетената Рајна Стојанова не е службено лице кога се случувал настанот, дека обвинетите со ништо не го сториле делото за кое се товарат и дека делото за кое се гонат не е кривично дело според Законот. Ова е шеста ослободителна пресуда за овој предмет кој застарува следната 2019-та година.  

Сведоците на настанот во судскиот процес   не потврдиле  дека заканите биле кажани.  Наспроти тоа двајцата обвинети и сведоците, на судењето кажаа дека Стојанова на состанокот се жалела на притисоци од другата страна. Дури во партискиот записник од состанок на велешкото раководството на ВМРО-НП,  одржан на 14.04.2013 година,  кој е дел од доказите во овој предмет, цитиран во пресудата пишува на што се  жалела Стојанова од другата страна, при што не е прецизирано која е таа друга страна.

Таа побарала помош оти имала силни притисоци, на работа и дошле две лица со пиштоли  кои барале од неа да премине, ако не го стори тоа ќе имало спектакуларно апсење поради наводни криминали во нејзината работа - сметководител. Дури Стојанова кажува и како се одвивала конститутивната седница на велешкиот Совет, кој работел 15 минути, па паузирал 15 минути  со цел вршење притисок врз неа.   

На овој состанок со Близнаковски, тој и кажал дека партијата ќе ја заштити, ќе побара помош од меѓународни институции ако отворено каже што и се случува, на што таа рекла дека не верува во такво нешто.  Близнаковски  рекол да го врати мандатот, Рајна одговорила дека не може, оти има силни притисоци врз неа и  нејзината фамилија. На првото судење во 2014-та, прашана од судијата Адеми кој тоа и се заканувал Стојанова да премине на другата страна, таа рече дека не може да зборува за тоа.  Пресудата не е правосилна.     

Според обвинението   Близнаковски  на партиски состанок  и рекол,, Ти на мек тон не разбираш, ќе треба да ти кажам грубо, доколку не го вратиш советничкиот мандат ти и твојата фамилија ќе бидете искоренети, не си свесна што правиш и што ќе ти се случи, ќе дојдат луѓе од страна- знаеш од каде од Бугарија“.  Овие зборови таа ги доживеала како траума.

Второ обвинетиот Арсовски на Стојанова според обвинителниот предлог и упатил сериозни закани со зборовите  „Да знаеш ќе донесат специјалци од Бугарија и нема да помине се така лесно, тоа ти е поздрав од Љубчо Ѓорѓиевски“. Од овие зборови оштетената се почувствувала несигурна и загрозена и се исплашила за својот и животот на членовите на  семејството. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати