Нови 14 случаи позитивни на ковид-19 во велешко, оздравени се тројца

Петар Печков

Министерството за здравство објави дека денес, вторник на Водици,   во велешко има 14  нови случаи на позитивни со ковид-19 а оздравени се тројца пациенти  Или во велешко активни се 346  случаи а досега  од корона вирусот  се заразиле 2.970 лица.

Во велешко има  99 пациенти, кои починале од последиците на корона вирусот.  

Во велешка Болница  хоспитализирани се 29 пацинети, од кои 25 се потврдени позитивни, еден е сомнителен и тројца  пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување. На Инфективно  одделение лежат 25 пациенти а на Интерно четири  На кислородна поддршка се 11 пациенти. Испишани се шест   пациенти како оздравени со по еден негативен тест.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати