Рекордна крводарителска акција на „Велес бајкинг“ собрани 99 крвни единици

Петар Печков

Здружението „Велес бајкинг“ денес, недела, одржа крводарителска акција, седма по ред. Беа собрани 99 крвни единици, што е рекорд во однос на претходните шест. 

Досега најуспешна беше втората, одржана 2021 година кога беа собрани 80 крвни единици.

Акцијата  е реализирана од Општинскиот црен крст Велес, Институтот за трансфузиона медицина од Скопје и Здружение "Велес бајкинг". Се одржа во театарот „Јордан Хаџи Констатнинов Џинот“.

фото: ФБ ОО Црвен крст Велес

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сте за враќање на платениот паркинг во Велес, за надминување на проблемот со паркирањето?

  • да
  • не
Резултати