И во Велес Агенцијата за храна и ветерина затворила продавници за храна во близина на училиште

Петар Печков

Продавници за храна, кои се лоцирани во близина на училишта во Велес, се затворени, соопштија од  Агенцијата за храна и ветерина (АХВ). Ова е дел од една поголема акција во која се контролирале  сендвичарници, бурекџилници, продавници за храна во  Скопје, Охрид, Струга, Битола, Штип, Прилеп и Струмица, кои се наоѓаат, во и околу, основните и средни училишта, односно таму каде учениците најчесто купуваат храна.

Затворени биле вкупно 15, не се прецизира колку се во Велес. Тие добиле забрана за вршење на дејност од АХВ. Како небезбедни, запленети се и нештетно уништени  696 килограми небезбедна и храна од непознати добавувачи.

Акцијата  била спроведена на територијата на целата држава, инспекторите на АХВ изрекле и парични казни за 77 оператори со храна, во вкупна вредност од 36.470 евра во денарска противвредност.

„Петнаесет забрани за вршење на дејност изрече Агенцијата за храна и ветеринарство на оператори со храна во рамки на 445 инспекциски контроли кои ги спроведе во изминативе десеттина дена. Како небезбедни, АХВ заплени и нештетно уништи 696 килограми небезбедна и храна од непознати добавувачи“  изјави директорот   Оливер Миланов.

Инспекторите на АХВ утврдиле и дека 19 оператори во промет ставиле небезбедна храна, додека кај 30 е утврдено дека немаат задоволителни хигиенските прописи за безбедност на храната.

„Од вкупно контролираните, 26 не биле регистрирани како оператори со храна во Агенцијата за храна и ветеринарство. Шеснаесет оператори немале имплементирано процедури за Добра хигиенска и Добра производствена пракса, а дури 32 немале спроведено задолжителен здравствено-саниратен преглед на вработените лица“ – кажа Миланов.

Во акцијата на Агенцијата за храна и ветеринарство, во која учествувале педесетина инспектори, утврдено е и дека тројца оператори со храна немале спроведено задолжителна дезинфекција, дезинсекција и дератизација во објектите, а седум  од контролираните објекти не ги задоволувале техничките услови за вршење на дејноста. Контролите откриле и несоодветно означена храна кај седум оператори со храна.

Поврзани »

Експанда ДООЕЛ

ПРОДАЖЕН ЕКСПЕРТ
Локација: Велес
Број на работни места: 2

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

  • да
  • не
  • зависи од дуќанот
Резултати