Минатата година е зголемен бројот на деца во велешко кои се во ризик

Петар Печков

Зголемен е бројот на деца во велешко кои се во ризик во 2025 година, споредено со 2024-та, покажуваат податоците од годишниот извештај на Општинскиот Совет за превенција на малолетници. Тој е тело  на  Советот на Општина Велес.  Во бројки тоа се 69  случаи повеќе или во проценти 21%. Во 2024 година имало 327  а лани 396 деца во ризик, при што  87 отсто од децата се машки. 

Според Законот, деца во ризик се деца со наполнети  5 и ненаполнети  18 години и тоа деца кои се жртви на била каква форма на насилство или деца кои  се во судар со законот, деца кои користат дрога, алкохол, деца кои питачат, се оддаваат на проституција, деца кои не посетуваат образование.  Психолозите кои работат со деца врз основа на  нивното искуство искуство на деца кои отстапуваат со своето однесување влијаат повеќе фактори.  

„Првите социјални вештини се градат во семејството и до самото поаѓање на детето во училиште. Уште тука некои родители прават пропусти во изградувањето на личноста на детето, со пренесување на позитивни морални вредности. Но се нема слух, компетентност да се следат потребите  на детето. Има и нарушена комуникација во семејството. Родителите испраќаат двојна порака, им укажуваат како треба на децата, но невербалните пораки, моделот на однесување на самиот родител е различен од тоа што вербално го кажува. Со поаѓањето на детето во училиште се проширува социјалниот круг и голема улога имаат врсниците. На училиште наставниците укажуваат на последиците од несоодветното однесување.  Но тоа што се случува во општеството дава двојни пораки. Сега секој наставник внимава на секој искажан збор, па родителот по реакција на детото  приговара. Се случува често родителот да реагира со изграден став, нивното дете е ученик за пример и не ја прифаќаат реалноста, детето различно се однесува дома и на училиште. Решението е во превенцијата и ангажирање на децата во различни форми на младински активизам, конструктивни активности. Но и тука има пречка, затоа што за секоја активност се бараат средства, партиципација  кои треба родителот да ги плати. Општеството мора овие трошоци да ги преземе, за доброто на децата. Не секој родител може да му овозможи на детето тоа да се анимира“ – рече Лидија Хаџи Арсова, психолог во основно училиште во Велес.

Зголемен е бројот на деца жртви  на кривични дела во велешко, во 2025 година биле 35, од нив 22 биле сторени од други деца а 13 од полнолетни лица. Во 2024 година имало 23 деца жртви на кривични дела. 
Како резултат на зголемениот број деца во ризик, зголемен е   бројот  кои добиле помош и заштита од Центарот за социјални работи Велес, лани 396 а година дена претходно 301, што е зголемување од 31 отсто.  
Зголемениот број  на детско престапништво придонело лани да се води зголемен број на  прекршочни постапки во Основен суд Велес за 252 деца, наспроти 191 во 2024 година. 

Во Основен суд лани имало 317 прекршочни постапки водени со деца, од нив нови  биле 235 предмети а 82 останати од 2024 година.  Бројот на прекршочни пријави е зголемен лани за 27%. Во 2025 година водени биле 28 кривични постапки со деца, ново примени 17 а 18 биле останати од 2024 година. Или  годинава останале за решавање седум.

Во 2025 година СВР Велес поднело кривични пријави за деца поради „Одземање на моторно возило“, „Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, две „Загрозување на сигурноста“, „Уцена“, „Силување на дете кое не наполнило 15 години“ и  два кривично правни настани за кои ОЈО Велес ќе  одлучува за квалификацијата.

Поврзани »

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

ЈАВЕН ПОВИК
за избор на член во Советот за развој на Вардарски плански регион – претставник од здруженијата, со мандат од 4 (четири) години. Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Колку сте задоволни од работата на општинските инспекции? (се оценува со училиштни оценки од 1 кон 5)

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Резултати