Петар Печков
Објавено: понеделник, 01 јуни 2026
Викендов 29.05 - 31.05, Алпинистичкиот клуб Велес ин по трет пат организираше планинарска тура, иускачување на Олимп. Иако сме на прагот на летото, планината повторно покажа дека условите може да изненадат во било кој период од годината.
„Поради снегот кој уште се држи и по консултација со домарите од домот Какалос, турата ја започнавме преку зимската патека преку местото Горица. Првиот ден имавме вкупно 11 км со 1600 м висинска разлика. Следното утро, преку Платото на музите се упативме кон кулоарите на Стефани и Митикас. По проценка на теренот, и предвидување на состојбата на снегот во текот на денот одлучивме дека денеска ќе се обидеме да го качиме технички по захтевниот – Стефани. Во наврска, со јаже, запазувајќи ги сите безбедносни мерки, сите заедно се качивме на врвот и безбедно се спуштивме“ - кажа Слободан Бобо Димовски, претседател на Алпинистичкиот клуб Велес ин.
