Манчевски со јубилејна изложба карикатури, одбележа 40 години творештво (фото)

Петар Печков

Вчеравечер во Ликовниот салон во Велес, беше отворена изложба на карикатури на велешанецот Миле Манчевски. Тој пред јавноста се претставува со 50-тина дела, создадени последните 15 месеци а со кои учестувал на меѓународни и домашни изложби на карикатури. Манчевски е еден од малкуте карикатуристи кои уште творат во Македонија и со над 60 години  возраст е меѓу помладите автори во земјава. Изложбата е поставена до следната среда.

„Во ова време кога во хартиените весници  во Македонија нема простор за карикатурата, па меѓу публиката сме присутни преку социјалните мрежи.  Од ова не може да се живее, работиме како ентизијасти и можеби таквата состојба, дека не е профитабилно, ги одбива младите да цртаат карикатури. Инаку ние по дефиниција сме вечна опозиција, да ги жигосаме лошите пракси, застранувањата“ – вели Манчевски. 

Тој зад себе има повеќе самостојни изложби во Велес, кои потоа се претставени и во други градови до Македонија.  Манчевски се има претставени со свои дела меѓу другото и  во Сантијаго - Чиле, Сана - Јемен, Токио - Јапонија, Хавана -Куба, Кали -Колумбија, Њу Делхи –Индија, Ерусалим  - Израел, Сеул – Јужна Кореја, Баку – Азербејџан, Панама сити –Панама, Сао Паоло –Бразил. Првата карикатура ја нацртал 1984-тата година. 

Поврзани »

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес, која е дел од Швајцарска мултинационална корпорација активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала има потреба да вработи:
Магационер
Техничар за одржување
Оператори за производство на крвни линии

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали ги чувствувате придобивките од примената на летно и зимско сметање на времето, кое е на сила од 27 март 1983 година, за тоа да продолжи да се применува?

  • да
  • не
Резултати