Комеморација за починатата судијка Виолета Мојсова во Основен суд Велес

Петар Печков

По повод смртта на судијката Виолета Мојсова, во Основен суд Велес, каде таа ја извршуваше оваа функција од 1988 година,  денес беше одржана комеморација.  

На неа присуства членови на семејството, колеги судии од Основен суд Велес, вработени во судот, обвинители од ОЈО Велес, правобранителство Велес, адвокати, извршители.

Најголем дел од својата кариера работеше во граѓанската област. Како искусен и почитуван судија, ја извршуваше и функцијата вршител на должноста претседател на Основниот суд Велес во 2010 година.
За починатата колешка со одбрани зборови се прости актуелната претседателка Валентина Ѓорѓиевска.

„Таа својот животен пат го посвети на правдата, професионалноста, човечките вредности. Нејзиниот професионален пат беше обележан со посветеност на правдата, со чесност, интегритет и одговорност. Носеше одлуки согласно Законот, совесноста и правичноста. Како човек ќе биде запаметена по својата мудрост, достоинство и човечност. Нејзината стручност, посветеност темелност беа пример за сите нас. За секој предмет постапуваше совесно, одговорно, со почит кон Законот и чувство на правичност. Нејзиното заминување претставува голема загуба за семејството, за колегите и правосудната заедница. Поменот за неа, за вредностите кои ги живееше ќе остане трајно присутен меѓу нас“ – кажа Ѓорѓиевска.

Таа изрази сочувство до семејството од името на колегите. 

Пред присутните се обрати и адвокатот Оливер Гашев во името на адвокатската задница Велес. 

„Мојсова во својата кариера беше многу чесен судија, многу човечна, професионалец, пример за судија. Нејзините пресуди можеме д аги користиме во судска пракса, и да се сеќаваме на неа. Нека и е вечна славата“ – рече Гашев.  

Судијката Мојсова почина на 64 година возраст, по кратко боледување.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

  • Англија
  • Аргентина
  • Бразил
  • Германија
  • Португалија
  • Франција
  • Шпанија
  • некоја трета репрезентација
Резултати