Пожар во близина на село Војница, гори сува трева и деградирана шума, ветерот го разгорува

Петар Печков

Претпладнево е регистриран пожар во близина на село Војница, гори сува трева и нискостебелста деградирана ѓума. На терен се повеќе екипи пожарникари, комуналци до Чашка, добнроволци, вработени од велешко шумско стопанство. 

„Околу 09:50 часот избувнал пожар на отворен простор во непосредна близина на Казнено-поправната установа Велес – Превалец. Пожарот првично бил ставен под контрола за кратко време, но околу 13:00 часот, поради засилениот ветер, огнената линија повторно се активирала и се проширила во правец на селото Војница, Општина Чашка“ – соопштија од Центарот за управување со кризи. 

На терен интервенираат екипи на ТППЕ Велес со 10 пожарникари и 3 противпожарни возила, доброволците од ДПД Бабуна, вработени од ЈКП „Тополка“ – Чашка, како и вработени од Шумското стопанство „Бабуна“ – Велес.

Од АМСМ информираат дека околу 14:30 часот, поради зафатениот терен од огнот, сообраќајот на регионалниот пат Велес – село Извор е целосно затворен. Сообраќајот се пренасочува преку селото Горно Оризари.

фото архива ТрМр

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

  • Англија
  • Аргентина
  • Бразил
  • Германија
  • Португалија
  • Франција
  • Шпанија
  • некоја трета репрезентација
Резултати