Петар Печков
Објавено: вторник, 23 јуни 2026
Понеделникот на пладне камион удрил пешак, а од здобиените повреди починал. Деталите од информацијата на велешката полиција и службата за Итна помош.
„На 22 јуни во СВР Велес е пријавено дека околу 11:00 часот на ул. „Раштански пат“ во Велес, товарно возило „волво“ со скопски регистарски ознаки со приколка со велешки регистарски ознаки, управувано од С.Д.(55 год) од Велес, удрило во пешакот О.Ѓ.(54 год) од Велес“ – информира Ана Милевска Ѓеоргиева, портпарол ан СВР Велес.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починал пешакот.
„По добиен телефонски повик на местото на настанот констатиравме дека лицето е без знаци на живот и е починато, “ – кажа д-р Стефан Спасовски од службата за Итна помош при ЈЗУ Здравствен дом Велес.
Возачот С.Д. бил лишен од слобода, а увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
