Обвинетиот за рушењето на зградата на Работнички Универзитет Беровиќ кажа не чувстува вина и дека фирмата немала проект за ископ на градежна јама

Петар Печков

Судењето за рушењето на зградата на Работничкиот универзитет во Велес, продолжи со сослушување на сведоци. Сведочеше Семир Шаботиќ син  и внук на инвеститорите, како сведок на одбраната, одговараше на прашањата од адвокатата Павлина Зефиќ Јакимовска.

„Беровиќ транспорт беше ангажиран за вршење на ископ на градежната јама. Тие копаа со багер, се товареше на камиони и се носеше. Ѕидот на зградата на Работнички универзитет не беше ископан како другите страни, имаше оставено земја пола метро-метро, не беше ископот до крај. Тој дел беше критичен и затоа не се копаше во целост.  Потоа продолжи со работа Бени Амар. Тие вршеа дренажа, порамнување на дното. Со нив работеше и Руди коп, тој земјата што остана од порамнувањето ја отстрани. Работниците на Бени Амар рачно го ископаа делот кај Рабоничкиот универзитет кој претходно беше оставен.  Таму  на тој дел кој го ископаа, ставија некои потпирачи, даски“ – кажа Шаботиќ. 

Тој дополни дека со  Бени Амар имале договор за изградба на куќата од почеток до крај. 
Сведочеше и обвинетиот Рифат Беровиќ.

„Со инвеститорот бевме договорени за рушење на објектот кој беше на локацијата и за ископ на градежната јама. Со работа започнавме на 29 мај а завршивме на 2 јуни 2022 година. При ископот во горна зона, до зградата на Работнички универзитет имавме оставено горе еден метар долу метари пол широчина земја. По нас продолжија Бени Амар и Руди Коп. Од нас побараа багер, кој ја транспортираше земјата која дополнително се ископа во градежната јама, од страната на Работнички, оти се друго ние ископавме.  Ние работевме само четири дена, извршивме рушење и ископ на земјата. Бени Амар беше со нас и кога ние копавме. Ние се повлековме оти беше ризично и очигледно дека зградата ќе падне. Затоа и објектот не го завршивме. Ние сме фирма која врши ископ, не сме фирма која гради кампади, шипови,  обезбедување на други згради, не сме за градба. За уривањето на зградата разбравме од медиумите. Не се чувствуваме виновни за рушењето“ – кажа Беровиќ.   

На прашањето од обвинителката Анастасија Миланова, дали имал проект за ископ на градежна јама, сведокот -обвинетиот  кажа „не“.   На прашањето зошто до обвинителството не е доставен оригиналот од градежниот дневник, обвинетиот кажа дека оригиналот треба да се чува кај нив. На следното рочиште се завршните зборови. 

Обвинети за рушењето на дел од зграда на Работничкиот универзитет „Благоја Страчковски“ во Велес се Рифат Беровиќ како физичко лице  за кривичното дело „Тешки дела против општата сигурност“ а правното лице ДТТУ Беровиќ транспорт со одговорно лице Елвид Сарачевиќ  за - Предизвикување опасност при градежни работи. Тие претходно  кажаа дека не се чувствуваат виновни за делата за кој се обвинети.

Според обвинителниот акт, изведувачите како  градежна фирма лиценцирана за таа работа, знаеле дека пред да почнат со ископ на градежна јама, треба да имаат соодветен проект за заштита на градежната јама, заштита на соседни објекти и дека во работа треба претходно да биде воведен надзорот. Не биле преземени соодветни мерки за обезбедување на соседите и земјиштето. Работеле без проект за заштита на градежна јама и објектите во соседството, започнале со нејзин  широк ископ веднаш до темелите на зградата на Работничкиот универзитет.    Како последица на ова на критичниот ден, 17 јуни 2022 година, се сруши дел од зградата, која е лоцирана до градежната јама.

Поврзани »

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

ЈАВЕН ПОВИК
за избор на член во Советот за развој на Вардарски плански регион – претставник од здруженијата, со мандат од 4 (четири) години. Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Колку сте задоволни од работата на општинските инспекции? (се оценува со училиштни оценки од 1 кон 5)

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Резултати