Кинески хороскоп, година на Мајмунот

Петар Печков

Во кинескиот календар постојат 5 елементи директно поврзани со секој знак - во 2016 доминантен елемент е огнот, а со него оди црвената боја. Затоа, ова е годината на црвениот огнен Мајмун

Според кинескиот хороскоп, 2016 година ќе помине во знакот на црвениот огнен Мајмун, а тие луѓе ги карактеризира енергија, весели се, енергични, мудри и умни. Квалитетите што ги опишуваат мајмуните се и: доверба, харизма, лојалност, генијалност и чувство за лидерство. Нивните слабости се: егоизам, ароганција, итрина и немир.

Според кинескиот хороскоп, годината на Мајмунот (1920, 1932, 1944, 1956, 1968, 1980, 1992, 2004) почна вчера (8 февруари) и ќе трае се' до 27 јануари 2017. 

Инаку, Мајмунот е деветтиот знак од кинескиот Зодијак. Бројот 9 се поврзува со амбиција и активност, а луѓето родени под овој знак се интелигентни и амбициозни. Сакаат предизвици и даваат се' од себе за да се справат со секоја задача. 

На Мајмуните им е многу важно да се секогаш први во се', и тоа го поврзуваат со вештина. Родените во знакот на Мајмун се флексибилни и лесно приспособливи. Како партнери се верни и уживаат во среќен семеен живот.

Негативните карактеристики им се егоизам и ароганција, а понекогаш се и доста љубоморни. Очекуваат сите околу нив да даваат 100% во секој поглед, па затоа често имаат проблеми на работа.

Комбинацијата меѓу елементот оган и знакот на Мајмунот води до многу промени во сите сфери на животот, накратко – очекувајте го неочекуваното. Непредвидливиот Мајмун може да донесе позитивни и негативни промени во сите сфери на животот.

Оваа година ќе биде полна со обврски на професионален и личен план, па затоа е можно да акумулирате стрес. Годината е погодна за големи семејни собири и за започнување нови потфати. 2016 ќе биде година на радости, среќа и на многу изненадувања. Се очекува да биде исполнета со позитивни настани. 

Освен тоа, годината на Мајмунот е погодна за нови бизниси, но треба да се биде внимателен при изборот на партнер. Среќата има мала улога за настаните во годината на Мајмун.

Познати личности родени во знакот на Мајмунот се: Чарлс Дикенс, Куба Гудинг-Џуниор, Леонардо да Винчи, Селин Дион, Том Хенкс, Вил Смит, Жизел Бундшен, Кристина Агилера, Елизабет Тејлор, Хали Бери и Даниел Крег.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

  • да
  • не
Резултати