Кај седумина шофери во Велес вчера констатирани прекршоци

Петар Печков

Во текот на вчерашниот ден, среда, 8-ми мај  на подрачјето на СВР Велес спроведена е акциска контрола на возачите и возилата учесници во сообраќајот. Кај возачите контролирани во градот не биле користени свтела, немале возачка или  им била мината, не биле врзани со безбедносен колан, зборувале на мобилен. 

Во Велес, од контролираните 33 возила, седум биле неисправни. На подрачјето на  СВР Велес контролирани се 92 возила и констатирани се 19 прекршоци. во Кавадарци, од 28 контролирани, шест биле неисправни и во Неготино, од 31 контролирано возило, шест биле неисправни - соопштија од СВР Велес.

Против сите кај кои има констатирано прекршок, ќе бидат поднесени прекршочни пријави.     

 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати