Истрага за осомничена Хрватка која во семејна расправија во Кавадарци со нож го прободела сопругот

Петар Печков

Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против 30-годишна државјанка на Р.Хрватска со привремен престој во Кавадарци, која е осомничена дека сторила кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2, сторена при семејно насилство. Таа со нож, со два убоди го повредила 43 годишниот сопруг.

„На 25 јануари утрото, во состојба на пијанство со присуство на 2,61 промили алкохол во крвта, осомничената вршела семејно насилство и телесно го повредила својот сопруг. По вербална расправија, зела нож од кујната и го прободела оштетениот во левото и во десното рамо, а потоа го гребела по вратот и телото“ – соопштија од ОЈО Кавадарци.

Судија на претходна постапка од Основниот суд во Кавадарци определи мерка краткотраен притвор за осомничената во траење од осум дена, по барање на јавен обвинител.

Поврзани »

РОНТИС ВРАБОТУВА

Швајцарската мултинационална компанија РОНТИС, активна во областа на производството на лекови и медицински помагала, во фабриката во Велес има потреба да вработи:
Аналитичар во микробиолошка лабораторија
Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2025?

  • што поскоро да ја заборавам
  • ги помнам само убавите моменти
  • постар/а сум за една година
  • ми донесе многу радости и убави мигови
  • како и секоја друга
  • имаше и убави и лоши работи
Резултати