Петар Печков
Објавено: петок, 16 јануари 2026
Велешанец возел автомобил во алкохолизирана состојба, полицијата го уапсила. Деталите од информацијата на СВР Велес.
„На 15.01.2026 во 23:55 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Б.А.(42) од Велес. При сообраќајна контрола на улица „Сараевска“ во Велес, сопрено е патничко возило „опел“ со велешки регистарски ознаки кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,82 промили алкохол во крвта“ – соопшти Ана Милевска Ѓорѓиева, портпарола на СВР Велес.
Возачот бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против него полицијата ќе поднесе кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.
