Почина шестгодишно дете од Градско

Петар Печков

Вчеравечер, четврток,  во велешка болница е донесено шестгодишно дете С.С., кое веќе било починато, обидите за реанимација од страна на докторите биле без успех. Деталите од информацијата од велешка болница и полиција.

„Околу 19,45 од страна на родители со сопствено возило е донесено шестгодишно девојче, без знаци на живот, со модра боја на кожа, со проширени зеници. И покрај тоа веднаш е пристапено со реанимација од дежурен педијатар, повикан е анестезиолог реаниматор, правена е реанимација по протокол. Девојчето не одговорило на реанимацијата, на постапката и во 20,35 ч. е прогласена е смрт. Тој ден и деновите наназад, според кажувањата на родителите детето не бил заболено со акутно заболување. Примало лекарства, редовна терапија за епилепсија“ – соопшти д-р Елена Ангеловски, началник на Детското одделение од велешка болница.

„На 22.01.2026 во 20:23 часот во СВР Велес е пријавено дека во 19:45 часот на детското одделение во Општа болница Велес било донесено починато шестгодишно дете од Градско, кое имало здравствени проблеми. Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство“ – информира Ана Милевска Ѓорѓиева, портпарол на СВР Велес.

По насоки на јавен  обвинител телото на детето е дадено за обдукција.

Поврзани »

РОНТИС ВРАБОТУВА

Швајцарската мултинационална компанија РОНТИС, активна во областа на производството на лекови и медицински помагала, во фабриката во Велес има потреба да вработи:
Аналитичар во микробиолошка лабораторија
Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2025?

  • што поскоро да ја заборавам
  • ги помнам само убавите моменти
  • постар/а сум за една година
  • ми донесе многу радости и убави мигови
  • како и секоја друга
  • имаше и убави и лоши работи
Резултати