Групна тепачка во училиштен двор

Петар Печков

Петокот околу пладне, во двор на средно училиште се случила групна тепачка на деца од неколку велешки села. Деталите од информацијата на СВР Велес.

„На 23.01.2026 во 14:20 часот, во СВР Велес било пријавено дека во двор од средно училиште во Велес, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.Р.(20 год) и А.У.(18 год), двајцата од село Горно Јаболчиште од една страна и тројца малолетници од село Бузалково и еден малолетник од село Сливник, велешко од друга страна. Со еден од малолетниците бил извршен службен разговор во присуство на родител“ – соопшти Ана Милевска Ѓорѓиева, портпарол на СВР Велес. 

Полицијата  презема мерки за расчистување на случајот и по документирање на настанот ќе поднесе соодветни пријави.

Поврзани »

РОНТИС ВРАБОТУВА

Швајцарската мултинационална компанија РОНТИС, активна во областа на производството на лекови и медицински помагала, во фабриката во Велес има потреба да вработи:
Аналитичар во микробиолошка лабораторија
Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2025?

  • што поскоро да ја заборавам
  • ги помнам само убавите моменти
  • постар/а сум за една година
  • ми донесе многу радости и убави мигови
  • како и секоја друга
  • имаше и убави и лоши работи
Резултати