Петар Печков
Објавено: вторник, 08 јули 2025
За седум дена, изминатата седмица, во рамки на континуираните сообраќајни контроли низ патиштата во земјава, сообраќајната полиција идентифукувала дека 54 возачи на подрачјето на СВР Велес, не поседувале возачка довола. Тоа се однесува за Велес, Кавадарци, Неготино.
Во истиот период на територијата на Македонија, 691 лице се санкционирани заради непоседување на возачка дозвола при управување возило, согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, известија од полицијата.
Статистичките бројки покажуваат дека најголем број од овие прекршоци се евидентирани на подрачјата на секторите за внатрешни работи Битола 136 и Струмица 125, најмалку на подрачјата секторите за внатрешни работи Штип 35 и Охрид 43.
Во останатите ссекотри во СВР Скопје регистрирани се 72 вакви прекршочни санкции, СВР Тетово – 97, СВР Куманово - 66 прекршоци за непоседување на возачка дозвола.
„Апелираме да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заедно да придонесеме за поголема безбедноста на патиштата“ – потсетуваат од полицијата.