Запален автомобил, пожарникарите го локализирале огнот

Петар Печков

Саботата пред полноќ, велешките пожарникари добиле дојава за опожарено возило. Нивна екипа веднаш заминала на лице место и го локализирала огнот.

„На ден 03.05.2025 во 23:54 примена е дојава за запалено Патничко Моторно Возило на ул. Вера Циривири Трена. Територијалната Против Пожарна Единица Велес излезе на лице место со едно против пожарно  возило и 3 пожарникари спасители. По пристигнување на лице место пристапено е со гасење на пожарот“ – соопштија од ТППЕ Велес.

Информацијата за опожареното возило ја споделија и од СВР Велес. Од таму додават деак повредени лица нема.

„На 04.05.2025 година во 00.02 часот во СВР Велес било пријавено дека на улицата „Вера Циривири“ во Велес, настанал пожар на патничко возило „Рено Меган“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.С.(48 год) од Велес“ – соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

Поврзани »

Генерацијата матуранти од Економското

Генерацијата матуранти од Економското училиште Јовче Тесличков 1976/80, 45 годишнината од матурата, ќе ја одбележат на 23 мај на мотел Гарденија. Заинтересираните да се пријават на тел. 075/204752 или 075/374952, Лила Пријавување до 10 мај

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали враќање на платениот паркинг ќе го реши проблемот со паркирањето во Велес?

  • да
  • не
Резултати