Една премиера во Киноверзум Велес, на јапонскиот анимиран Демоништувач –Бескраен замок

Петар Печков

Во Киноверзум Велес, попладневно, четврток премиерно ќе биде прикажан јапонскиот анмимиран филм Демоништувач –Бескраен замок. Танџиро Камадо е момче што ѝ се придружува на организацијата за лов на демони откако неговата помала сестра Незуко е претворена во демон. Тој станува сѐ посилен и се зближува со членовите на корпусот, па се бори со многубројни демони заедно со своите другари Зеницу Агацума и Иносуке Хашибира. На неговото патешествие, тој се бори рамо до рамо со највисоко рангираните мечувалци на корпусот познати како столбови.  

Се прикажува и најгледаниот филм во светот, измиатиот викенд,  хоророт „Повикуање 4-последни обреди“ кој се најавува како најстрашната истрага на Воренови досега и дека е снимен според вистински настан.  Мислеа дека е завршено... сè додека не беа свикани Последните Обреди.  Филмот ве нурнува длабоко во темнина, каде што претците клетви, демонски сили и незамисливи ужаси се кријат веднаш зад завесата. Истражителите на паранормални појави, Ед и Лорејн Ворен, се справуваат со уште еден последен застрашувачки случај во кој се вклучени мистериозни суштества со кои мора да се соочат. 
 
„Фатен на дело“ акција, трилер, кое е на трето место по гледаност во светот. Исцрпениот поранешен бејзбол играч Хенк Томпсон неочекувано се наоѓа вмешан во опасна борба за опстанок среде криминалното подземје на Њујорк од 1990-тите, принуден да се снаоѓа во предавнички подземен свет какво што никогаш не го замислувал.  

романтичната комедија „Материјалист“ меѓу најгледаните филмови во светот изминатиот викенд.  Млада, амбициозна подводаџика од Њујорк, која спојува туѓи животи, но не и својот,  се наоѓа  помеѓу совршениот партнер и нејзиниот несовршен поранешен партнер. 

Поврзани »

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес, која е дел од Швајцарска мултинационална корпорација активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала има потреба да вработи:
Магационер
Техничар за одржување
Оператори за производство на крвни линии

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали ги чувствувате придобивките од примената на летно и зимско сметање на времето, кое е на сила од 27 март 1983 година, за тоа да продолжи да се применува?

  • да
  • не
Резултати