Димитриевски не коалицираме со СДСМ а со ВМРО-ДПМНЕ ако се извинат за криминалот од времето на Груевски

Петар Печков

Поранешниот кадар на СДСМ од Куманово, Максим Димитреивски, сега претседателски кандидат на ЗНАМ,  испрати порака дека со актуелното раководство на СДСМ, кое многу се огрешило нема теорија  да коалицираат. Со  пак ВМРО-ДПМНЕ, прво да расчистат со заостанати коруптивни дела од претходната власт. Максим Димитриевски  ова го кажа од Велес. 

Тој и одговори и на противкандидатката за претседател Гордана Силјановска Дафкова, дека без кворум од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, измените на законот за кривична одговорност немало да поминат.

„Ние во ЗНАМ сме за поголеми прва на граѓаните, за поголеми плати, поголеми пензии, изедначување на животниот стандард, бидејќи секој има право да живее под ова македонско небо. Ние тоа ќе го реализраме иако патот ќе биде тежок“ – кажа Димитриевски.

Нема да добиете бесконечен број на ветувањеа од ЗНАМ, но тие што ќе ги кажеме, ќе ги реализираме, порача носителот на листата од Изборна единица 3, генералот во пензија Павле Арсовски.

„Цврсто сме решени да покажеме поинаков начин на практикување на политиката.  Да работиме посветено и одговорно, чесно и домаќински. Политиката не смее да биде место за богатење врз грбот на народот, туку за вистинска и искрена служба на народот“ -  кажа Арсовски. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

  • да
  • не
Резултати