Дете се бори за живот, по сообраќајка на експресниот пат Градско -Фариш

Петар Печков

После 24 часа од случувањето полицијата со иформација за сообраќајката која се случи вчера, недела на пладне. Толку време им требаше да излезат со соопштение, наспорти интересот на јавноста.

„На 13јули  околу 13.30 часот во СВР Велес е пријавено дека на експресниот пат Дреново-Градско, пред приклучокот за автопатот А1, Градско-Велес, патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Р.(27 год) од Скопје, излетало од коловозот“ – соопштија од МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од Куманово и возачот, а другиот сопатник М.Р.(18 год) од Куманово со лесни повреди, констатирани во Општата болница во Велес. 

„Со возило на итната помош донесени се тројца пациенти. Единаесет годишното дете има повреди на глава и гради и поради сериозноста, веднаш е пратено на КАРИЛ во Скопје. Второто лице возач има повреди на `рбет и тој е препратен на клиники во Скопје. Третото лице е со лесни повреди, има добиено неопходна терапија и е пуштено на домашно лекување“ – кажа др- Вано Граматов, портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес извршил увид на лице место на експресниот пат Прилеп-Градско каде вчера  попладне се случила тешка сообраќајна несреќа. Автомобилот завршил во населбата Стопанство, на влезот во Градско.

„Автомобил Фолксваген поло со скопски регистарски ознаки во остра кривина во лево изгубил контрола и излетал од патот преку претходно оштетен дел од заштитната ограда, паѓајќи околу 40 метри надолу во населено место. Во несреќата тешко е повреден возачот на автомобилот, како и едно 11-годишно дете кое се наоѓа во критична состојба. И двајцата поради сериозноста на повредите се префрлени на Клиничкиот центар во Скопје. На уште еден сопатник во автомобилот со полесни повреди му е укажана лекарска помош во велешката болница“ – соопштија од ОЈО Велес.

Јавниот обвинител издаде наредби за технички преглед на автомобилот, како и за проверка на присуство на алкохол кај возачот. Од лице место се подигнати и биолошки и други траги заради натамошно постапување.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Оценете го годинашниот јубилеен 20 Меѓународен фолклорен фестивал Велес 2025?

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати