Петар Печков
Објавено: среда, 16 јули 2025
Десетина дена е активен пожарот на северниот дел од Општина Велес, на границата со Општина Зелениково., помеѓу селата Џидимирци, Крушје и Иванковци, гори мешана шума.
Пожарот го гаснат два ер трактори, во локализирањето учествуваат 20 припадници на АРМ, 10 од Шумско стопанство Бабуна, четворица пожарникари со едно возило, месно население, пожарникари од Свети Николе со возило. Тој е на непристапен терен, учестуваат и модифицирани возила пицгауери.
Во текот на вчерашниот ден ТППЕ Велес, информира дека околу 14 часот добиле дојава за запалена шума во близина на село Крушје. Учестувало едно противпожарно возило и четири пожарникари спасители. Изгаснат бил кракот што бил опасност за селото.