Двајца млади велешани уапсени во Струмица, при обид за кражба и физички го нападнале сопственикот на куќата

Петар Печков

Во Струмица се уапсени двајца млади велешани, при обид за кражба. Претходно украле автомобил во Велес. Едното лице било барано поради бество од затвор.

„На 26 април во 11.00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода Б.Д.(24 год) и С.У.(23 год), двајцата од Велес. На 25.04.2025 околу 09.15 часот тие биле затекнати при обид да извршат кражба од подрумска просторија од куќа на ул.„Спиро Захов“ во Струмица, при што физички ги нападнале сопственикот З.К. и неговиот сосед Д.Т., по што побегнале од местото. Тие биле задржани во Полициската станица Струмица и во присуство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица е извршено препознавање, а во службен разговор признале дека претходно сториле кривично дело „одземање на моторно возило“ на подрачје на Велес. Исто така, при преземање мерки било констатирано дека Б.Д. бил баран поради бегство од Казнено – поправната установа Затвор Идризово“ - соопштија од МВР.

Во текот на денот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава и ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка од Основен суд Велес, заради одредување притвор, а по барање на јавен обвинител.

Во Велес уапсени лица, за кои полицијата се сомнева дека сторило кражба. Украдените предмети  пронајдени кај осомничените.

„На 25.04.2025 во 00.40 часот и 02.20 часот, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Б.Ј.(44) и Љ.Т.(42), двајцата од Велес, поради основи на сомнение дека од домот на 53-годишна велешанка одзеле повеќе предмети. Предметите се пронајдени и вратени на сопственичката“ - соопштија од СВР Велес.

Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани »

Гимназија Кочо Рацин

Честит 1 Мај денот на трудот

Генерацијата матуранти од Економското

Генерацијата матуранти од Економското училиште Јовче Тесличков 1976/80, 45 годишнината од матурата, ќе ја одбележат на 23 мај на мотел Гарденија. Заинтересираните да се пријават на тел. 075/204752 или 075/374952, Лила Пријавување до 10 мај

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали враќање на платениот паркинг ќе го реши проблемот со паркирањето во Велес?

  • да
  • не
Резултати