Дванаесет години затвор за обљуба на ќерката

Петар Печков

Кавадарчанецот  М.А. (39 год)  доби 12 години затвор кривичното дело полов напад врз дете.  Во Основен  суд Велес тој е прогласен за  виновен  за обљуба врз сопствената ќерка. 

Случајот во јавноста излезе откако во полицијата го пријави сопругата Џ.А. Таа откако беше објавена пресудата од 12 години затвор, и се слоши па мораше да интервенира доктор на итната помош. 

Обвинетиот повеќе  месеци, а последен пат ноќта на 29/30.11.2016 година околу 21.00 часот, во нивната семејна куќа во Кавадарци, со употреба на сила и закана по животот со нож, извршил обљуба врз нивната дванаесетгодишна ќерка. 

Доказите покажале дека кај девојчето бил пронајден ДНК од нејзиниот татко, кој пак тврдел дека е пијан, не се сеќава, не го признава делото.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати