Во Велес по втор пат Фестивал на сатира „Џинот“

Петар Печков

Четврток  и  петок  Велес  ќе  биде  домаќин   на  вториот  фестивал  на сатирата „Џинот’.  На него  освен  сатиричари  од  Македонија  ќе  учествуваат  и  од  Србија  и   БиХ.   Организатор е   Клубот  на  писатели  Коста  Солев  Рацин  од  Велес а настаните  ќе се одржуваат  во  велешка  библиотека  и во  Ликовен салон.  

Од  содржините има  промоција  на книга на  афоризми,  на  издание  за  афоризми,  читање  на   афоризми  од  Јордан   Хаџи  Констатнинов  Џинот,  кој  се  смета за прв  сатиричар  во  Македонија,  за  што и фестивалот го  носи неговото име. Петок  навечер  ќе  се  доделат  наградите  по распишаниот  конкрус  за  афоризми. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали ги чувствувате придобивките од примената на летно и зимско сметање на времето, кое е на сила од 27 март 1983 година, за тоа да продолжи да се применува?

  • да
  • не
Резултати