Во првите три месеци природниот прираст во велешко беше во негатива од 85 лица

Петар Печков

Во првиот квартал, првите три месеци од годинава природниот прираст во Велес и велешко е во минус.  Според податоците на Државниот завод за статистика има 85 лица повеќе починато отколку што има родено бебиња. Или во апсолутни бројки живородени се 78 бебиња а починале 163 лица.  Во истиот период има склопено 44 брака и разведено осум.

Минатата година во и Велес и велешко има 267 жители помалку отколку година дена претходно.  Лани  во велешко имало 303 склопени брака а 162 барања за развод.

За истиот период, првите три месеци годинава во Општина градско има родени 4 бебиња, починато 12 лица или природен прираст минус осум. Имало склучено два брана и еден развод.

За истиот период, првите три месеци годинава во Општина Лозово има родени 4 бебиња, починато шест  лица или природен прираст минус два. Имало склучено три  брака, развод нема.

Единствено во Општина Чашка има позитивен прираст, од четири. Родени биле 19 бебиња, починале 15 лица. Склучени се шест брака а разведени се два.

Поврзани »

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

ЈАВЕН ПОВИК
за избор на член во Советот за развој на Вардарски плански регион – претставник од здруженијата, со мандат од 4 (четири) години. Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Колку сте задоволни од работата на општинските инспекции? (се оценува со училиштни оценки од 1 кон 5)

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Резултати