Петар Печков
Објавено: вторник, 08 јули 2025
Велешката полиција информриа за два, одвоени случаи, кога млади мотористи, додека управуваел во мопедот, удриле во пешак и во полицаец и побегнале. И двете лица биле уапсени.
„На 08.07.2025 во 00.30 часот, во СВР Велес, извршен е службен разговор со малолетник од Горно Оризари, велешко, во присуство на родител и социјален работник од Центар за социјални работи Велес. Имено, во Горно Оризари, додека управувал мотоцикл без регистарски ознаки, не запрел на даден знак од полициски службеници кои извршувале службени задачи и удрил во еден од нив, а потоа и во паркирано патничко возило „шкода“, сопственост на Министерството за внатрешни работи, по што се дал во бегство„- соопшти Биљаан ѓаковска, портпарол на СВР Велес.
По преземени мерки, малолетникот бил пронајден, известен јавен обвинител, а мотоциклот одземен. По документирање на настанот, против малолетникот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
„На 07.07.2025 во 19.40 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода В.Н.(21 год) од село Раштани, велешко. Тој на 26.06.2025 на улица „8 Септември“ во Велес, управувајќи мотоцикл, удрил во пешакот П.З.(79 год) од Велес и побегнал од местото на настанот“- дополни Ѓаковска.
Во несреќата со телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општа болница Велес. По преземени мерки, В.Н. бил пронајден и приведен во полициска станица, известен јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.