Петар Печков
Објавено: понеделник, 28 април 2025
Во координирана акција помеѓу неколку полициски одделенија, вчера 27 април во Неготино бил запленети 283 килограми тутун, спакуван во пакувања од по 450 грами. Притоа полицијата привела три лица осомничени за кривично дело по член 278 – б „Прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама“ и по член 279 – б „Избегнување на плаќање на Акциза“.
„Вчера околу 07,30 часот од страна на полициски службеници од ПС за ГН Михајлово на Автопатот Градско-Неготино во близина на Црвени Брегови биле забележани две патнички моторни возила со скопски регистарски таблички, ,,Шкода Октавија“ и „Ауди А6“ кои што напоредно се движеле по патот. На знак „стоп“ возилото „Шкода октавија“ не запрело ја зголемило брзината и се упатило кон Неготино, но набргу од страна на полициски службеници било сопрено во градот. Од извршениот преглед на возилото управувано од лицето С.Ф. (30 год) од село Љуботен, скопско, било констатирано дека возилото е натоварено со 29 црни вреќи во кои имало жолти пакувања од 450 грама тутун (вкупно 283 килограм) без никаква документација за потеклото, со што е причинета материјана штета на буџетот во вреднос од 2.704.340,05 денари. По насоки на надлежен ЈО набргу се приведени и двете лица кои што биле во патничкото возило „Ауди А6“, Р.Ф. (37 год) од село Љуботен скопско и возачот на истото С.А.(41 год) од Скопје“ – соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.
По целокупното документирање на случајот, против осомничените ќе биде поднесена соодветна пријава.
фото архива