Во Основен суд Велес, комеморација за починатата судијка Валентина Петровска

Петар Печков

По повод смртта на судијката Валентија Петровска, во Основен суд Велес,каде таа ја извршуваше оваа функција од 1996 година,  денес беше одржана комеморација.

На неа присустваа членови на семејството, колеги судии од Основен суд Велес, вработени во судот, обвинители од ОЈО Велес, правобранителство Велес, адвокати, поранешни претседатели нa велешкиот суд.

За починатата коleшка со одбрани зборови се прости актуелната претседателка Валентина Ѓорѓиевска.

„Валентина Петровска покажа посветен и несебичен однос кон работата и непоколебливата заложба за пренесување на правото и правдата. Нејзината работа беше обележана со  видливи и крупни успеси, што јa направи за пример меѓу колегите и пошироко. Како долгогодишен Судија, значително придонесе кон зајакнување на професионалните стандарди и интегритетот на судиската професија, оставајќи наследство кое ќе продолжи да влијае и врз идните генерации на судии и во правосудството, Основен суд Велес изразува длабока благодарност и почит кон Судијата Валентина Петровска за нејзиниот неизмерлив придонес и посветеност кон работата, пред се како човек и борец до крај. Нејзината професионалност, етика и ангажманот кој го посвети на работата до последен момент, ќе останат запаметени и ќе служат како инспирација за сите кои ја продолжуваат судиската функција“ – кажа Ѓорѓиевска.

Во текот на денот Петровска беше погребана на гробиштата во Раштани.

Поврзани »

Гимназија Кочо Рацин

Честит 1 Мај денот на трудот

Генерацијата матуранти од Економското

Генерацијата матуранти од Економското училиште Јовче Тесличков 1976/80, 45 годишнината од матурата, ќе ја одбележат на 23 мај на мотел Гарденија. Заинтересираните да се пријават на тел. 075/204752 или 075/374952, Лила Пријавување до 10 мај

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали враќање на платениот паркинг ќе го реши проблемот со паркирањето во Велес?

  • да
  • не
Резултати