Возачот од радовишко учесник во саботната сообраќајка кај Каратманово, во која има една жртва, не бил под дејство на алкохол

Петар Печков

Возачот  А.А.( 29 год) радовишко Супурге, кој во саботата доцна попладне беше учесник во  сообраќајна несреќа на крстосницата кај Каратманово и Милино не бил под дејство на алкохол. Брзината со која го управувал возилото дополнително ќе се испитува, соопштија од ОЈО Штип, а на поставеното прашање од ТрМр.

„Издадени беа наредби и насоки за утврдување на причините за несреќата, по кои се уште се постапува и се вршат неопходни вештачења. Непосредно по несреќата, на дрегер не било утврдено присуство на алкохол кај возачот од Радовиш. Тој беше приведен и со него беше извршен разговор. Надлежниот јавен обвинител издаде наредба и за детална анализа на крв од двајцата возачи, со цел да се утврди евентуално присуство и на други супстанции. Откако ќе бидат испитани сите околности и утврдени причините за несреќата, јавниот обвинител ќе донесе одлука за натамошниот тек на постапката“ - соопштија од ОЈО Штип.

По сообраќајката која се случи на 2 март во 18,10 ч.  Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип неспоредно по настанот, извршил увид на лице место. При увидот бил присутен и експерт - сообраќаен инженер.

Според очевидците  автомобилот  „сузуки“ со светиниколски регистарски таблички, кој го управувал  В.П.(66 год) од Свети Николе излегувал од споредниот пат од Каратманово на магистралниот пат Велес - Штип, кога во него удрил автомобил марка „БМВ“ управувано од А.А. Во сообраќајката од здобиените повреди починал В.П. од Свети Николе, совозачот во автомобилот, неговата сопруга Б.П. (61 год) се здобила со тешки повреди и е пренесена на КАРИЛ  во Скопје, А.А. би згрижен во велешка болница и откако му билe констатирани повреди кои не се животно загрозувачки и бил пуштен дома на лекување, од страна на полиција бил уапсен и однесен на испитување.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати