Вкупно 15 месеци затвор за тројца дрвокрадци кои нападнаа шумски полицајци

Петар Печков

Тројца насилници кои нападнаа шумски полицајци добија вкупно  15 месеци затвор за  кривичното дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.  Б.З (36 год)  и В.В (18  год)  се осудени на по шест месеци затвор а  С.З. (57 год) доби три месеци. Сите се од Велес. Пресудата донесена во Основен суд Велес,  не е правосилна. 

Според обвинението  тројцата соизвршители, на 27 декември лани, во близина на местото викано Ветерско кај поранешните лозја на агрокомбинатот “Лозар” – Велес, со употреба на сила и сериозна закана спречиле три службени лица, припадници на шумската полиција, во вршење на нивните службени задачи. Шумските полицајци ги затекнале тројцата обвинети  со нивното возило со приколка во кое товареле нелегално пресечени дрва. Се обиделе да ги одземат дрвата и да ги приведат сторителите, но осомничените ги нападнале физички со нож.  На двајца им нанеле телесни повреди, а на третиот припадник на шумската полиција му се заканиле, ставајќи му моторна пила под вратот.

Поврзани »

Генерацијата матуранти од Економското

Генерацијата матуранти од Економското училиште Јовче Тесличков 1976/80, 45 годишнината од матурата, ќе ја одбележат на 23 мај на мотел Гарденија. Заинтересираните да се пријават на тел. 075/204752 или 075/374952, Лила Пријавување до 10 мај

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали враќање на платениот паркинг ќе го реши проблемот со паркирањето во Велес?

  • да
  • не
Резултати