Петар Печков
Објавено: четврток, 21 мај 2026
Вардарската регата по 26 пат годинава ќе заплови на 19 јуни од под Мало мовче во Велес за да стаса до Солун на 22 јуни, понеделник. Годинава е трет пат како таа ќе плови до вливот ан реката Вардар во Егејско море а потоа и чамците да стигнат до Солун. Како и претходните години има четири базни логори Криволак и Демир Капија во Македонија и Поликсатро и Акропотамис во Грција.
„Деталите се утврдени со грчките партнери, солунските скаути. Промени на трасата нема , ја знаеме состојбата. Очекуваме дека Електрани не Северна Македонија ќе одржат водостој за нормално пловење“ – кажа Ангелче Гушев од Извидничкиот одред Димитар Влахов, кој со делегирана надлежност од Општина Велес, ја има организацијата на Вардарската регата.
Се очекува дека запловат 20 чамци и 100 учесници. Финансиски е поддржана од локалната власт на Велес. Организаторот најавува дека годинава е внесена во програмата на Балканската рафтинг федерација.
„Колегите од Јајце БиХ го повлекоа терминот за да може да дојдат гости на нашата регата. За нив е интересно, тие се рафтери, но сакаат да видат какво е ова спартанско веслање, оти овде нема адреналинско веслање. Може да се рече дека адреналинското во нашиот случај е долгото веслање. Сакаат да проверат како тоа 280 км се весла са пет дена“- дополни Гушев.
