Биографскиот филм за Брус Спрингстин, премиерно во Киноверзум Велес

Петар Печков

Пет филмови се на репертоарот на Киноверзум Велес, и тоа викендов, петок, сабота, недела. Премиера за „Избавиме од никаде„ филм посветен на Брус Спрингстин.  Неговото патешествието при создавањето на неговиот албум „Небраска“ од 1982 година, кој се појави додека го снимаше „Born in the USA“ со бендот „E Street Band“. Врз основа на книгата на Ворен Зејнс.

И оваа седмица на репертоарот е македонскиот игран филм „ДЏ Ахмет“.драма со примеси на комедија. Ахмет е15-годишно момче од забито јуручко село во Источна Македонија, кое наоѓа прибежиште во музиката и сонува да стане диџеј додека се справува со очекувањата на татко му, конзервативната  заедница и неговото прво искуство со љубовта – девојка која веќе му е ветена на некој друг. Во главните улоги се Ариф Јакуп, Дора Акан, Наим Агушев и Аксел Мехмед.

„Без каење“ романтична драма - филм за љубовта, ризикот и изборот што нè менува засекогаш. Филмот го прикажува напнатиот однос помеѓу младата мајка Морган Грант и нејзината ќерка-тинејџерка, Клара, кој се влошува поради трагичната смрт на сопругот на Морган, Крис, и ги принудува заедно да се соочуваат со животните предизвици.

На репертоарот се и двата хит хорор филмови „Црн телефон2“ и „Повикување 4-последни обреди“.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали ги чувствувате придобивките од примената на летно и зимско сметање на времето, кое е на сила од 27 март 1983 година, за тоа да продолжи да се применува?

  • да
  • не
Резултати