9-ти септември Светски ден на првата помош

Петар Печков

Општинската организација на Црвен крст Велес го одбележува Светскиот ден на првата помош 9-ти септември.  Овој ден се одбележува во 190 држави во светот а мотото е,,Несреќите во домот,,.   Денес, на овој ден, Клубот на млади при Општинскиот Црвен крст,  денес  врши анкета  на граѓаните за знаењата за укажување на прва  помош. 

Голем број од граѓаните го перципираат домот како безбедно место за живеење, каде се чувствуваме сигурно и безбедно. Меѓутоа статистичките податоци, на светско ниво се фрапантни, дури 80 отсто од повредите настануваат во домот. Голем број од населението не е упатено за можните ризици  и превентивата на самите несреќи. Нив ги афектираат сите популации, од најмлади до најстари. Постојат бројни повреди кои предизвикуваат морбидитет и морталитет. Овие несреќи во домот имаат економски  последици. Повредите се падови, трауматски повреди, срцеви  удари, труења, задушувања, давења, струјни удари, онесвестувања и ризиците од нив. Затоа е потребно што поголем број од граѓаните да  се стекнат со теоретски и практични знаења и вештини како да се постапува и превенираат повредите кои се случуваат во домот. Жално но вистинито е што голем број од населението не  знае  како да си помогне  себе си, обземени  од паника и од лошо просудување и  лошо едуцирани. Затоа со обука граѓаните би стекнале компетенции да помогнат. Несреќите во домот ги афектираат сите, без разлика на нивната возраст, пол, приходи, место на живеење - рече  Д-р Горан Богатинов. Тој информираше дека  Црвениот крст создал мобилна апликација која е со едукативни цели, како да се дaва  помош кога се случуваат несреќи во домот и надвор од него. Таа е лесна за употреба и со едноставни   видеа и анимации кои  помагаат    учењето на теоретските знаења и практичните  вештини да се совладаат    на забавен начин. Истата е бесплатна и може секој да ја симне на  мобилниот телефон и е според  прирачникот за прва помош  на Светската  организација на  Црвен крст.   

Велешани на фиксниот телефонски   број на ОО Црвен крст Велес 043 231 537 можат од овој месец да се пријават, доколку сакаат да бидат   обучени, за тоа да бидат советувани. Ова ќе се случува еднаш месечно во просториите на велешкиот Црен  Крст.     

Победникот за укажување прва помош, на општинскиот натпревар за средни училишта, екипата на Гимназија измината седмица  во училиштата од градот,  показно настапува покажувајќи ги  вештините од укажувања прва помош, а  на учениците од 5-то и 6-то одделение  врши обука.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати