Акцијa за бесплатна проверка на здравјето на пензионерите од Велес (фото)

Петар Печков

Пензионерите од Велес имаа можност да ја проверат здравствената состојба, откако доктор и  волонтери на Општинската организација на Црвен крст, реализираа акција на бесплатни здравстени прегледи. Таа се изведе во просториите на Здружението на пензионерите во Велес

„Се  реализараа бесплатни лекарски прегледи за лицата од трето доба. Прегледите опфатија мерење на крвен притисок и шекер во крвта. Можноста да се прегледаат и да добијат совет од лекар,  ја искористија 40-тина пензионери“ – информираше Орце Николов, секретар на ОО на Црвен крст Велес.

фото ФБ/ОО на Црвен крст Велес

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

  • да
  • не
Резултати