18 август, Денот на АРМ

Петар Печков

Во Велешката  касарна Алексо Демниевски Бауман беше  одбележан 18 август Денот на АРМ.   Војниците, војните лица, вработените во АРМ го одбележуваат 22-от роденден. Пред гостите  и припадниците на АРМ се обрати полковник Љупчо Костовски, командант на Командата за обука во велешката  касарна.

Изминатите 22 години се успешна потврда дека со љубовта кон татковината, лојалноста, одговорноста и посветеноста кон реформите, цврсто убедени во сопствените можности, изградивме армија која во потполниот ја извршува со уставот определената мисија за одбрана на територијалниот интегритет и сувереноста на нашата татковина. Достигнувањата во одбраната се нераскинливо врзани со нашето богато  историско битие, со делата и стремежите на илинденските херои и патриоти ан АСНОМ кои ги дурија темелите на современата македонска држава – рече Поповски.

На денешен ден 18  август 194та година, на Славеј Планина, Дебарца, од припадници на Битолско- преспанскиот одред „Даме Груев“, од Велешкиот одред „Димитар Влахов“, од Прилепскиот одред „Ѓорче Петров“ и од новодојдени борци од територијата на Дебарца, се формира Првиот македонски НОП баталјон „Мирче Ацев“. Тоа е првата организирана   воена формација  на Народно Ослободителната војна на  Македонија и  овој ден е  роденден ан АРМ.

Во рамки на прославата во велешкиот гарнизон, на  гостите им беше презентиран дел од оружјето, возилата и воената опрема со кои се опремени Единиците на АРМ од гарнизоните во Македонија. Претходно се оддаде почит на загинатите борци од НОБ на спомен Костурницата во Велес каде се положи цвеќе.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати